Гравитациско поле на Република Македонија

Doneva, Blagica and Delipetrev, Marjan and Dimov, Gorgi and Blažev, Krsto (2017) Гравитациско поле на Република Македонија. Natural Resources and Technology, 11. pp. 67-73. ISSN 185-6966

[thumbnail of trud Blagica.pdf]
Preview
Text
trud Blagica.pdf

Download (942kB) | Preview

Abstract

Проучувањето на гравитациското поле на Земјата има свои корени од времето кога Њутн го дефинирал законот за заемно привлекување на масите. Основните проучувања на гравитациското поле се базираат врз мерењето на апсолутните вредности на забрзувањето на силата на Земјината тежа. Голем број гравиметриски мерења се извршени со цел да се проучи формата на Земјата. Извршени се гравиметриски истражувања за да се проучи плиткиот дел на Земјината кора, односно да се дефинираат структурите кои го градат овој простор.
Бугеовата аномалија е многу добра за дефинирање на нехомогеностите на густините во Земјината внатрешност, бидејќи кај Бугеовите аномалии нивната зависност од висината на мерната точка е далеку помала. При пресметувањето на Бугеовата аномалија големо значење има вредноста на густината на Бугеовиот слој.
Вредноста на Бугеовите аномалии на територијата на Македонија се во границите од 30 до -80 [10-5ms-2].
На територијата на Македонија се застапени Динарско-Алпската гравиметриска провинција и Внатрешната гравиметриска провинција.

Item Type: Article
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagica Doneva
Date Deposited: 30 Jan 2018 11:15
Last Modified: 30 Jan 2018 11:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19233

Actions (login required)

View Item View Item