Kosevaliska, Olga (2017) Почитување на основните човекови правa во борбата против тероризмот. Европско право, 6 (2). pp. 79-88. ISSN 1857- 842X
Preview |
Text
trud vo Evropsko pravo.pdf Download (278kB) | Preview |
Abstract
Една од главните цели на ЕУ е спроведувањето успешна борба против тероризмот и постигнување на висок степен на национална безбедност. Меѓутоа, постигнувањето на ова цел, директно е условено од потребата да се интервенира во сферата на основните човекови права – правото на приватност и правото на заштита на лични податоци. Употребата на личните податоци како и ограничувањето на правото на приватност мора да биде законита, експлицитна и исклучителна како и секогаш мониторирана од надлежен орган. Целта на овој труд е да даде еден краток преглед на европското законодавство во врска со ова проблематика, како и да ја елаборира институционалната рамка на Европската Унија и нејзините тела кои се надлежни да обработуваат лични податоци во борбата против тероризмот. Особено внимание во трудот се посветува на креирањето на политиката во борба против тероризмот по терористичките напади во САД од 2001 година. Конечно, во фокусот на овој труд е прашањето за тоа колку сме сложни да ги жртвуваме нашите права и слободи за да постигнеме висок степен на национална безбедност. Дали нашите слободи и права се „жртва“ во процесот на обезбедување на националната безбедност?
Клучни зборови: тероризам, национална безбедност, лични податоци, право на приватност, Европска Унија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Olga Kosevaliska |
Date Deposited: | 23 Jan 2018 09:28 |
Last Modified: | 23 Jan 2018 09:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19036 |
Actions (login required)
View Item |