Dimitrijeva, Vanga and Risteski, Sanja (2017) Креирање на облека. ISBN 978-608-244-427-7 .
Full text not available from this repository.Abstract
Во денешниот свет исполнет со динамика и раст на конкуренцијата најдобрите и најмоќните компании одржуваат долгорочен раст и профитабилност благодарение на успешниот развој и лансирање на нови производи. Поради брзите промени на потрошувачките вкусови, технологијата и конкуренцијата , компаниите треба да развиваат нови производи и услуги. Во таков динамичен пазар предност остваруваат компаниите со применета успешна маркетинг програма и пред сѐ врвни производи кои се издвојуваат од останатите производи по квалитет и дизајн. Секој предмет, независно дали станува збор за облека или друг производ го започнува својот „живот” со идеја и цртеж на хартија. Целокупната облека која денес ја носиме најпрво подлежи на процес на креирање. Со цел добро да се совлада
конструкцијата на облеката најпрво мора да се осознаат основните методи на конструкција со чија, пак, правилна примена ќе се овозможи реализација на секој замислен модел. Основниот крој се добива кога формите и димензиите на човековото тело, кои се однесуваат на бараниот производ, се поставуваат на рамна површина,најпрво изработувајќи темелен крој од хартија за зададениот модел, а потоа и изработка на истиот од текстилен материјал. Скриптата може да му послужи и како помагало на секој оној кој сака да ги научи основните методи на креирање на облеката.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 23 Jan 2018 09:34 |
Last Modified: | 29 Mar 2018 11:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19029 |
Actions (login required)
View Item |