Mladenoski, Ranko and Stefanovska, Danche (2017) Мултипликација на ликови-дублети во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски. Палимпсест, 2 (4). pp. 75-83. ISSN 2545-3998
Preview |
Text
07 - Ranko i Dance trud Pal br 4.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Трудот претставува детална анализа на особините на ликовите во романот „Тунел“ од Петре М. Андреевски што беше објавен за првпат во 2003 година од скопската издавачка куќа „Три“. Во семиолошката теорија за книжевниот лик, меѓу другото, се понуди и една мошне солидна детерминација на поимањето за ликовите-дублети (како и за ликовите-синоними). Во овој интерпретативен труд се задржуваме конкретно на ликовите-дублети во романот „Тунел“, имајќи ги предвид мошне сложените семантички полиња на три лика во овој роман: Игор, Горан Паковски и Дејан Медаров. Следејќи ја наративната програма на овие три лика од романот на Андреевски може да се види дека тие, всушност, функционираат како еден актер со оглед на фактот дека нивните предикативни функции гравитираат кон еден лик, а тоа е нараторот од романот (јас-форма на раскажување), односно Невена. Притоа, за нашата анализа, од суштинска важност се опозициите (ликови-опозити) на трите лика во однос на нараторот (Игор vs Невена; Горан Паковски vs Невена; Дејан Медаров vs Невена).
Како општ заклучок од анализата на ликовите-дублети во романот „Тунел“ од Андреевски се приложува тезата дека тие ликови во овој македонски роман се клучни раскажувачки елементи, односно дека ликовите-дублети, всушност, се фундаментот на наративната структура на овој роман од Петре М. Андреевски.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 22 Jan 2018 11:46 |
Last Modified: | 22 Jan 2018 11:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18991 |
Actions (login required)
View Item |