Основи на биохемија- рецензиран практикум

Ruskovska, Tatjana (2012) Основи на биохемија- рецензиран практикум. .

[thumbnail of 2. Praktikum_Osnovi na Biohemija.pdf] Text
2. Praktikum_Osnovi na Biohemija.pdf

Download (2MB)

Abstract

Практикумот „Основи на биохемија“ е комплементарно учебно помагало на истоимената скрипта. Истиот е наменет за изведување на практичната настава по предметот Основи на биохемија на Факултетот за медицински науки.
Во практикумот се обработени вкупно 12 вежби, согласно наставната програма.
Сите практични вежби опфатени во овој практикум се одбрани со особено внимание со цел да бидат едноставни за изработка и секој студент да биде во можност самостојно да ги изработи.
Дел од практичните вежби претставуваат класични методи од базичната биохемија, но дел се современи клиничко-биохемиски анализи кои рутински се изработуваат во клиничката пракса. На тој начин, на практичната настава по предметот Основи на биохемија ѝ се дава еден современ израз, а студентите се запознаваат со биохемиски методи кои имаат реална практична примена.
Како комплементарен дел на далеку пообемната скрипта, во практикумот се дадени само постапките за изведување на вежбите. Поради тоа, со цел да ја разберат суштината на практичните вежби, неопходно е, пред да пристапат кон изведување на вежбата, студентите претходно да ги имаат совладано теоретските основи за секоја вежба, односно соодветниот материјал од скриптата и начинот за изведување на вежбата што е даден во практикумот.

Од авторот

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 24 Nov 2012 12:39
Last Modified: 25 Oct 2013 09:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1897

Actions (login required)

View Item View Item