Изучување на туристичкото право на високо образовните институции во Македонија и Бугарија

Metodijeski, Dejan and Andreeva, Jasmina (2017) Изучување на туристичкото право на високо образовните институции во Македонија и Бугарија. Годишен зборник на Правен факултет, 7. ISSN 1857-7229

[thumbnail of metodijeski 2017.pdf]
Preview
Text
metodijeski 2017.pdf

Download (548kB) | Preview
[thumbnail of sodrzina na godisen zbornik.pdf]
Preview
Text
sodrzina na godisen zbornik.pdf

Download (506kB) | Preview

Abstract

Туризмот е глобален феномен и последните децении бележи константен развој во светски рамки. Подготовката на високо образовани кадри во туризмот изискува мултидисциплинарен пристап каде студиските програми на високо образовните институции опфаќаат различни аспетки како културни, економски и правни. Предмет на овој труд е изучувањето на туристичкото право на високо образовните институции во Македонија и Бугарија. Критериуми кои се користени при изборот на овие две земји се членство во Европската унија и морската границата на Бугарија од една страна и континентална територија и кандидатурата за влез во Европската унија на Македонија од друга страна. Во трудот се дадени основни податоци за двете земји, како што се: население, број на меѓународни туристи, закони за туризам и др. Табеларно прикажаните универзитети каде има факулти за туризам, студиски програми и предмети од областа на правото, се користени за да се направи компаративна анализа на изучување на туристичкото право на факултетите за туризам во двете земји. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на официјалните веб страни на универзитетите во двете земји каде се изучува насоката туризам. Направена е анализа и преглед на студиските програми каде се изучува туризмот и предметните програми од областа на правото, врз основа на систематска евалуација на нивната актуелна содржина. Заклучните согледувања се однесуваат на структурата, разликите и сличностите при изучувањето на туристичкото право на високо образовните институции во Македонија и Бугарија.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 18 Jan 2018 09:10
Last Modified: 18 Jan 2018 09:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18926

Actions (login required)

View Item View Item