Реализација на говорниот чин замолување кај изучувачи на англискиот јазик на различно ниво на јазична компетенција

Daskalovska, Nina and Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija (2017) Реализација на говорниот чин замолување кај изучувачи на англискиот јазик на различно ниво на јазична компетенција. Knowledge in Practice, 20 (6). pp. 2747-2753. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Trud - Daskalovska.pdf]
Preview
Text
Trud - Daskalovska.pdf

Download (1MB) | Preview
Official URL: http://www.ikm.mk

Abstract

Успешната комуникација подразбира не само знаење на граматиката и вокабуларот на целниот јазик, туку и примена на комуникациските правила кои се базираат на принципот на учтивост. Овие комуникациски правила и принципи спаѓаат во доменот на прагматичката компетенција, која е дел од комуникативната компетенција. При усвојувањето на мајчиниот јазик, децата во текот на комуникацијата со луѓето околу нив ги усвојуваат и прагматичките правила на групата на која припаѓаат. За разлика од нив, кај изучувачите на странски јазик кои го учат јазикот во контекст во кој нема доволен инпут на целниот јазик и недостасуваат можности за комуникација, развојот на прагматичката компетенција не оди паралелно со развојот на граматичката компетенција. За жал, и во учебниците не се посветува доволно внимание на развивање на прагматичката компетенција. Истражувањето кое е предмет на овој труд е дел од проектот „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењто англиски и германски јазик“ на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, чија цел беше да се утврди ефектот од експлицитно учење на говорните чинови на замолување,извинување и приговарање врз развојот на прагматичката компетенција кај студентите од катедрите за англиски и германски јазик. Ова истражување се фокусира на реализацијата на говорниот чин на замолување кај изучувачите на англиски јазик на три различни нивоа на јазична компетенција (Б1, Б2 и Ц1). Како инструмент за одредување на прагматичката компетенција на учесниците се користеше играње по улоги кој се состоеше од три ситуации: а) замолување упатено кон лице на повисока позиција, б) замолување упатено кон непознато лице, и в) замолување упатено кон пријател. Целите на истражувањето беа да се утврдат стратегиите за замолување кои ги користат учесниците во трите ситуации, да се идентификуваат внатрешните и надворешните модификации кои ги користат учесниците при реализацијата на говорниот чин на замолување и да се споредат кај трите групи учесници, како и да се утврди перспективата, односно дали замолувањето е насочено кон соговорникот или кон говорителот, или пак замолувањето е изразено од заедничка перспектива или безлично. Резултатите покажуваат разлики во однос на некои параметри и сличности кај други. Во однос на видот на стратегиите, кај учесниците со повисоко ниво на јазична компетенција се забележува поголем број на различни стратегии. Тие исто така користат повеќе внатрешни и надворешни модификатори. Што се однесува до перпсективата, кај трите групи доминира замолување насочено кон соговорникот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Nina Daskalovska
Date Deposited: 09 Jan 2018 09:26
Last Modified: 09 Jan 2018 09:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18884

Actions (login required)

View Item View Item