Ampovska, Marija (2015) Историски и компаративен развој на граѓанско-правната одговорност за причинета штета. Other. Tringa design, Tetovo.
Preview |
Text
монографија.pdf за печат.pdf - Published Version Download (1MB) | Preview |
Abstract
Темата на овој труд, како што се гледа и од неговиот наслов, е граѓанско – правната одговорност за причинета штета. Овој израз најчесто се употребува за означување на обврската за надомест на причинета штета и како таков познат им е и на најстарите правни извори. За старите правни поредоци карактеристично е што во нив наоѓаме случаи на колективна одговорност на семејството и случаи на одговорност уредени според начелото на талион. Дури и римското право, во кое материјата за договорите е извонредно развиена, не покажува ист степен на усовршеност на материјата за надомест на штета. Овој институт, без разлика што потекнува од најстарите правни извори, сéуште се јавува како нецелосно изграден односно нецелосно уреден и недоволно развиен институт. Од друга страна, бројот на облигациони односи настанати со причинување на штета, историски гледано, покажува тенденција на пораст, што од своја страна го поставува барањето: граѓанско – правната одговорност како обврска за надомест на причинетата штета да биде јасно, недвосмилено и целосно уредена.
Денеска, во однос на овој институт во правната теорија постои подвоеност на правните теоретичари. Некои правни теоретичари сметаат дека граѓанско – правната одговорност е единствена институција ( теорија за единственост на граѓанско – правната одговорност ), а други прават строга разлика помеѓу два посебни видови на одговорност, односно два суштински различни институти: деликтна (вондоговорна) одговорност и договорна одговорност за причинета штета (дуалистичка теорија за граѓанско – правната одговорност за причинета штета).
Според авторот на овој труд од анализата на местото на граѓанско-правната одговорност и анализата на содржината на нормите кои ја сочинуваат граѓанско-правната одговорност во старите и современите правни системи како и во меѓународните правните извори произлегува единственост на овој институт.
Трудот претставува приказ на неговите карактеристики, неговата динамичност или статичност во текот на историскиот развој, како и тенденциите во неговиот развој.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Marija Radevska |
Date Deposited: | 26 Nov 2012 10:55 |
Last Modified: | 21 Jan 2015 14:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1886 |
Actions (login required)
View Item |