Sivevska, Despina (2017) Средствата за масовна комуникација и слободното време на децата и младите. In: Научно- стручна конференција „Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија“, 2016, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Sivevska Sredstva za masovna komunikacija.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Слободното време е актуелна тема во секојдневниот живот на секој човек. Квалитетот и
начинот на кој се поминува слободното време е феномен кој постојано се истражува. Содржините и
активностите со кои е исполнето слободното време на децата и младите се важен аспект кој придонесува на
формирањето на нивниот идентитет и квалитетот на живот во иднина. Како и на кој начин младите го
исполнуваат своето слободно време е важен проблем на денешното општество, при што мораме да бидеме
многу внимателни кога се во прашање потребите и можностите на младиот човек за негово исполнување.
Бројни се факторите кои влијаат врз начинот на кој младите ќе го организираат и исполнат своето слободно
време. Средствата за масовна комуникација се еден од факторите кои влијаат на начинот на кој младите го
исполнуваат своето слободно време. Сѐ поголем дел од децата и младите денес се зависни од виртуелниот
свет, што со себе може да донесе и последици врз менталното здравје.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | слободно време, медиуми, масовна култура, пасивност |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Despina Sivevska |
Date Deposited: | 14 Feb 2018 12:17 |
Last Modified: | 14 Feb 2018 12:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18825 |
Actions (login required)
View Item |