Koleva Gudeva, Liljana and Mitrev, Sasa and Boev, Blazo and Barbareev, Kiril (2017) Презентацја на Е-библиотека УГД, 2011-2017. In: Mеѓународна конференција „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“, 44 Годишно собрание на БЗМ, 16-17 Nov 2017, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
ppt Konferencija 44 Sobranie BZM.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
УГД е опремен со најсовремена информатичко-телекомуникациска опрема која овозможува континуиран проток на информации и поврзување на сите 15 единици на универзитетот (12 факултети и 3 академии) во компактно и мултифункционално информатичко јадро. Сето тоа наоѓа огромна примена во креирање и имплементирање на наставата на нов, модерен и функционален начин. Во современите информатички алатки во имплементација на наставата и во реализацијата на студиските програми спаѓаат: е-индекс, е-индекс инфо, е-библиотека, студентска е-пошта, е-распоред, е-репозиториум, е-учење, е-календар, а сите овие електронски алатки се достапни на порталот на УГД во сервисот за студенти на линкот http://www.ugd.edu.mk.
Основањето на е-библиотеката на УГД беше промовирана како идеја на 27.03.2011 година на одбележувањето на четиригодишниот патрон празник на нашиот Универзитет. Идејата за реализацијата на е-библиотеката беше предизвик за сите наставници и соработници вработени на Универзитетот, а студентите широко ја прифатија платформата за бесплатен електронски пристап на сите високошколски учебници и учебни помагала. Уште кон крајот на истата промотивна година заживеа е-библиотеката на УГД, со што се создаде нов мултимедијален пристап за брза, точна, и бесплатна информација, како за студентите, така и за вработените на универзитетот. Покрај сите други предности на е-библиотеката, минимизирани се и шансите за злоупотреба на авторските права, a студентите се здобиваат со право за слободен, брз и бесплатен мултимедијален пристап на соодветната универзитетска литература за совладување на предметните содржини. Зголемувањето на бројот на електронските изданија е во интерес на подобро образование, подобри компетенции и поголема самоефикасност со кои студентите треба да се стекнат.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | UGD Centers and Institutes |
Depositing User: | Liljana Koleva Gudeva |
Date Deposited: | 12 Dec 2017 11:07 |
Last Modified: | 12 Dec 2017 11:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18599 |
Actions (login required)
View Item |