Соработка на училиштето и локалната средина во функција на професионална ориентација на учениците во основните училишта

Jordanova, Lidija (2017) Соработка на училиштето и локалната средина во функција на професионална ориентација на учениците во основните училишта. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of Соработка на училиштето и локалната средина во функција на професионална ориентација на учениците во основните училишта.pdf]
Preview
Text
Соработка на училиштето и локалната средина во функција на професионална ориентација на учениците во основните училишта.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Краток извадок:
Времето во кое живееме со себе донесе промени кои оставија траен белег во сите сфери на човековото живеење. Во такви услови младите секојдневно се среќаваат со предизвици на кои треба да одговорат, да донесат важни одлуки кои се од непроценливо значење, а со тоа го насочуваат, градат и развиваат својот живот. Адолесценцијата е период во кој младите се наоѓаат на патот на животна крстосница каде се соочуваат со бројни промени. Затоа училиштето преку програмата за професионална ориентација треба да создаде услови со што ќе му се овозможи на ученикот да се стекне со искуство преку кое ќе ги детектира личните интереси, способности, желби и афинитети со што ќе донесе најдобра одлука за себе и својот живот и ќе се стекне со компетенции кои ќе му помогнат во остварувањето како на личните потреби, така и на потребите на општеството. Преку програмата за професионална ориентација во основното училиште и богатство од различни активности и содржини треба на учениците да им се овозможи да ги развијат своите лични капацитети, да се запознаат со постоечките занимања и да им даваат поддршка самостојно да донесат одлука за нивниот избор на средно училиште. За да може училиштето да ги реализира бројните воспитно-образовни содржини вклучувајќи ја и програмата за професионална ориентација на учениците потребно е помеѓу училиштето и локалната средина да постои активна и постојана соработка.
Се одлучивме предмет во ова истражување да биде соработката меѓу основното училиште и локалната средина од аспект на подготвување на младата генерација за правилна професионална насоченост во изборот на нивното натамошно образование и нивното занимање.
Во денешните современи општествени промени не може училиштето да се набљудува надвор од општествениот контекс.Тоа значи дека училиштето не може да постои и да функционира изолирано, особено што курикулумот се развива во согласност со општествените потреби. Во таа смисла и остварувањето на професионалната ориентација не може да се замисли без воспоставување на соработка помеѓу училиштето и локалната средина која ќе се одвива низ заеднички партнерски односи.
Целта на ова итражување е да се испита дали меѓу овие два динамични система, училиштето и локалната средина, постои соработка на планот на професионалната ориентација на учениците, како и да се воочат можни решенија за унапредување на истата.
Преку примена на техниките на анкетирање, интервјуирање и анализа на документацијата и добиените резултати дојдовме до заклучок дека соработка меѓу училиштето и локалната средина во функција на професионалната ориентација постои, но нејзината реализација е формална и покрај тоа што е вклучена во програмската структура на училиштето.
5
Анализата на добиените резулати од проучувањето на ставовите и мислењата на наставниците, учениците и стручните работници упатува на оптимистички предвидувања во однос на развојот на училишното подрачје – професионална ориентација на учениците.
Од прегледот на активности кои ги остваруваат училиштата за реализацијата на програмата за професионална ориентација видовме дека не се потребни некои посебни услови за нејзино остварување, односно со добра и смислена организација на содржините и активностите може да се очекува упешна реализација.
Сите испитаници се согласни дека би учествувале во дополнителни обуки за стекнување, проширување и продлабочување на нивните знаења од областа на професионалната ориентација. Исто така, покажуваат позитивен став за потребата од формирање на училиштен тим за професионална ориентација.
Кога е во прашање соработката меѓу училиштето и локалната средина во функција на професионалната ориентација, неопходно е да се воспостави контакт помеѓу овие две важни институции, со што ќе се интензивира соработката преку дефинирање на содржините и целите на соработката, прецизно одредување на организационите форми на дејствување, како и подготовка на учениците во остварувањето на реални средби со пазарот на трудот.
Клучни зборови:професионална ориентација,соработка, локална средина.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 12 Dec 2017 10:38
Last Modified: 12 Dec 2017 10:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18583

Actions (login required)

View Item View Item