Angelovska, Bistra (2017) Материовигиланца - следење на несакани дејства на медицинските средства. In: Неправилности, грешки и пропусти и нивното санирање при стоматолошките интервенции, 11 Nov 2017, Stip, Macedonia. (Unpublished)
Preview |
Text
materiovigilanca.pdf Download (3MB) | Preview |
Preview |
Text
simpozium.pdf Download (481kB) | Preview |
Abstract
Медицинските средства опфаќаат голем број на производи од најсовршени -компјутерски уреди кои се применуваат за медицински цели (пр.машини за хемодијализа), па се до најобични (пр.гази,тампони, шприцеви и.т.н.) Заради големиот број на медицински средства, нивниот сосема различен изглед и цели, оваа област не е лесно да се регулира. Проблеми се јавуваат во производството на самите медицински средства, како и во нивната контрола.
Материовигиланца е систем кој се применува за откривање, собирање, следење, процена и обезбедување на соодветност на новите податоци за безбедноста на медицинското средство поврзано со можните инциденти од употребата.
Сите податоци за несаканите реакции се запишуваат, пријавуваат, собираат и проценуваат. Несаканите реакции ги пријавуват здравствените работници и медицинските установи.
Известувањето за несаканите реакции од медицински средства, односно сомневањето за несаканата реакција на медицински средства, од страна на здравствените установи и здравствените работници се врши со доставување на пријава за несакани реакции на медицински средства до Агенцијата за лекови и медицински средства.
Хармонизацијата во регулаторните системи на Република Македонија со останатите земји членки на GHTF е на виско ниво, а спроведувањето на материовигиланцата од страна на здравствените работници и надлежните органи допринесува за подобрување на безбедноста и ефикасноста на медицинските средства на пазарот на Република Македонија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 12 Dec 2017 10:37 |
Last Modified: | 12 Dec 2017 10:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18581 |
Actions (login required)
View Item |