Dimova, Cena and Naskova, Sanja and Haliti, Sibeldzan and Trajanovski, Daniel and Ljativ, Sabina and Eminoska, Selma and Eminoska, Alma (2017) Подобро орално здравје за повеќе весели насмевки. [Project] (In Press)
Preview |
Text
ПРИЛОГ 7 -ПРЕДЛОГ ПОСТЕР.pdf Download (664kB) | Preview |
Preview |
Text
Прилог 8 - АНКЕТЕН ЛИСТ.pdf Download (196kB) | Preview |
Preview |
Text
proekt 2017 -2018.pdf Download (972kB) | Preview |
Abstract
Основна цел на истражувачкиот проект под наслов: „ПОДОБРО ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ ЗА ПОВЕЌЕ ВЕСЕЛИ НАСМЕВКИ“ е да се направи истражување во врска со навиките на училишни деца од ромска популација од областа на оралното здравје. Реализацијата на поставената основна цел ќе се овозможи преку поставување на следниве посебни цели:
- Да се утврди социоекономскиот статус на училишни деца од ромска популација,
- Да се проценат нивните навиките за правилна исхрана,
- Да се утврдат нивните навиките за одржување на орална хигиена,
- Да се процени нивното знаењето за превенирање на можни повреди на заби при спортски активности.
Во истражувањето ќе бидат вклучени испитаници - училишни деца од 9-13 години, поточно, ученици од трето и шесто одделение од три основни училишта во кои учат ученици од ромска популација.
Во функција на реализација на основните и посебните цели, истражувачите на ова истражување ќе ги извршат следниве активности: подготовка на прашалници, надгледни материјали и презентации, спроведување на анкета, презентирање и обука за правилна исхрана, обука за одржување на орална хигиена, препораки за превенирање на можни повреди на забите и орални ткива при разни спортски активности. Истражувањето ќе се спроведи во периодот од февруари-март 2017 година, во општините според место на живеење на истражувачите.
Анализата на наодите ќе се работи сукцесивно во периодот 2017/2018 година. Од добиените резултати ќе произлезат појдовни сегментите на кои понатаму ќе има потреба да се делува со цел за подобрување на оралното здравје кај училишните деца од ромска популација.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 11 Dec 2017 11:33 |
Last Modified: | 11 Dec 2017 11:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18559 |
Actions (login required)
View Item |