Одговорност на стечајниот управник во Република Македонија

Tusevska, Borka (2017) Одговорност на стечајниот управник во Република Македонија. Општествените промени во глобалниот свет. pp. 27-47. ISSN 978-608-244-353-9

[thumbnail of Odgovornost na stecajniot upravnik vo RM.pdf]
Preview
Text
Odgovornost na stecajniot upravnik vo RM.pdf

Download (460kB) | Preview

Abstract

Предмет на проучување во овој труд претставува концептот на граѓанско правната одговорност на стечајните управници во Република Македонија. Проблематиката предвидена како предмет на истражувањето, се проучува преку анализа на применливото материјално граѓанско право, а во одредени сегменти, за потребите на истражувањето, тематиката се анализира и низ призмата на применливото граѓанско процесно право.
Предизвикот да се истражува оваа материја произлегува од бројните практични проблеми и дилеми, што го доведуваат во прашање ефикасното и законито спроведување на стечајните постапки во Република Македонија. Во насока на ова, при спроведувањето на стечајните постапки се наметнуваат прашањата за видот и обемот на одговорност на стечајниот управник, правните стандарди за утврдувањето на одговорноста на стечајниот управник, концептот на надомест на штета на стечајните доверители и доверителите на стечајната маса, правниот режим на застареност на побарувањето по основ на штета причинета од стечајниот управник итн.
При проучувањето на оваа материја, предвид ќе се земат и решенијата предвидени во „кодексот на етиката за стечајните управници, и „професионалните стандарди за стечајна постапка.“ На овој начин, со помош на компаративно дескриптивна-анализа на законските решенија и теоретски концепти, анализа на воспоставените професионални стандарди и решенијата предвидени во етичкиот кодекс, ќе се обидеме да ги елаборираме предностите и слабостите во постојните решенија и практики, како и да укажеме на можните интервеции на ова поле, со цел отстранување на одредени недоследности и подобрување на состојбата на ова поле.

Клучни зборови: одговорност, стечаен управник, штета, стечајна маса, стечајни доверители.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 09 Nov 2017 12:24
Last Modified: 09 Nov 2017 12:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18538

Actions (login required)

View Item View Item