Ancevska, Kristina (2017) Влијанието на менаџмент контролата врз успешноста на работењето на компаниите (со посебен осврт на текстилната дејност во Штип). Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Магистерски труд (lektoriran) -Кристина Анчевска 208406.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Контролата претставува процес кој е насочен кон проверка во сите сфери на работните активности, споредување на остварените резултати со поставените стандарди, утврдување на разликите меѓу нив, како и преземање на потребните корективни акции за отстранување на отстапувањата. Таа е секојдневна активност, како на субјектите на менаџментот, така и на специјализираните организациски единици или индивидуални професионални личности.
Во основа контролата треба да претставува клучна детерминанта за успехот во целокупното работење, затоа е потребно процесот на контрола да биде дефиниран со поставувањето на целите кон кои се стреми компанијата. Во тој поглед умереноста треба да биде главна карактеристика на системот на контрола и истиот да претставува мотивирачки поттик на сите менаџери и вработени, кој реално ќе укажува како на позитивните активности и резултати, така и на евентуалните грешки при работните активности, однесувањата и резултатите на работењето.
Во трудот се направени теоретски и емпириски истражувања, обработка на добиените одговори на испитаниците, нивна пресметка според Х2 - тестот и коефициентот на контингенција, и истите се прикажани табеларно и графички.
Клучни зборови: процес, проверка, стандарди, однесување, резултати, укажување
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 09 Nov 2017 12:28 |
Last Modified: | 09 Nov 2017 12:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18529 |
Actions (login required)
View Item |