Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Milanovski, Nikola (2010) Анализа на финансиските извештаи со примена на Dupont анализата. Working Paper. Универзитет Гоце Делчев-Штип.
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_olivera.trajkovska_Desktop_dipont analiza-lektoriran.pdf Download (1MB) |
Abstract
Тема на истражување во овој труд е анализата на финансиските извештаи на компаниите, со примена на системот на Дипонт (DuPont) анализата. Заради практична илустрација на примената на овој метод, по теоретските основи на Дипонт анализата следува неговата примена во анализата на работењето на компанијата Т-Мобиле Македонија, за 2005, 2006 и 2007 гoдинa. Истражувањето е направено со примената на Дипонт анализата, со цел да се утврдат стапката на принос на вкупните средства и стапката на принос на сопствениот капитал.
Добиените резултати од анализата се искористени за оцена на работењето на анализираната компанија во текот на избраниот тригодишен период и истовремено за откривање на главните фактори за постигнатиот финансиски резултат. Се разбира, сите овие информации не би имале вредност доколку не се искористат за предлагање на мерки за задржување на позитивните трендови во работењето и корективни активности за поефикасно работење во иднина.
Клучни зборови: сметководство, инвеститор, коефициент, обрт, средства, капитал.
Item Type: | Monograph (Working Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 24 Nov 2012 10:43 |
Last Modified: | 24 Nov 2012 10:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1852 |
Actions (login required)
View Item |