Tusevska, Borka and Miseva, Kristina and Kosevaliska, Olga (2017) Практичната настава на студентите во Република Македонија – предизвици и перспективи на студентите од правните факултети. Project Report. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.
Preview |
Text
СТУДЕНТСКАТА ПРАКТИКА НА ПРАВНИТЕ ФА%-za repozitorium.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Монографијата насловена како „Практичната настава на студентите во Република Македонија - предизвици и перспективи на студентите од правните факултети,“ е плод на повеќегодишна научно истражувачка работа на авторите на трудот. Монографијата е изработена во рамки на проектот насловен како „Кадровскиот капацитет, потребите и развојните потенцијали на малите и средни бизниси во Источниот регион, базирани на знаења“. Од истражувањата спроведени во рамки на проектот, авторите проучија повеќе аспекти на практичната настава, од кои, најсуштинските ги издвоија во четири посебни глави на овој научно истражувачки труд.
Монографијата претставува издание во кое е содржана материја што се однесува на практичната настава во Република Македонија, со фокус на практичната настава на студентите од Правните факултети. Содржината и структурата на монографијата е адаптирана на потребите на релеватните субјекти од јавниот и приватниот сектор, каде прашањето за практичната настава честопати е предмет на бројни теоретски делиберации и практични анализи. Ова првенствено се однесува на Универзитетите, каде прашањето за квалитетот на спроведувањето на практичната настава има битно значење, и суштински влијае врз нивото на квалитет на целокупниот наставно-образовен процес.
Item Type: | Monograph (Project Report) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Kristina Miseva |
Date Deposited: | 02 Nov 2017 14:47 |
Last Modified: | 02 Nov 2017 14:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18443 |
Actions (login required)
View Item |