Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga and Ivanova, Elena (2017) Притвор во постапката спрема деца. Зборник на трудови од Четврта научна меѓународна конференција Општествените промени во глобалниот свет, 4 (4). ISSN 978-608-244-353-9
Preview |
Text
Nanev&Koshevaliska&Maksimova.pdf Download (424kB) | Preview |
Abstract
Мерка притвор како мерка со која детето се лишува од слобода заради обезбедување на неговото присуство на главен претрес е мерка која може да се примени само во исклучителни случаеви, кога сите полесни мерки или се исцрпени или пак со нив не може да се оствари целта на постапката. Лишувањето од слобода претставува било која форма на затворање или сместување на детето во установа од која на детето не му е дозволено заминување по сопствена волја. Надлежен за определување на мерката притвор е судијата за деца и тоа само по предлог на јавниот обвинител, а по претходно прибавено мислење од центарот. Меѓународните документи особено внимение посветуваат на мерките за обезбедување присуство на децата во кривична постапка, бидејќи секое ограничување на слободата на детето мора да биде преземено само како крајна мерка, кога се исцрпени сите други мерки за обезбедување на присуство, а нивното траењето треба да се сведе на најкус можен временски период. Целта на овој труд е да го проблематизира прашањето за притворот во македонското кривично законодавтсво, неговата законска уреденост и потребата од допрецизирање на законските одредби во овој дел. Исто така во трудот ќе се укаже на потребата од доимплементирање на ратификуваните меѓународни инструменти во Законот за правда за децата а ќе се обидеме да дадеме и компаративни аспекти на законската уреденост на притворот за малолетничките законодавства на земјите во регионот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 13 Oct 2017 12:03 |
Last Modified: | 13 Oct 2017 12:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18312 |
Actions (login required)
View Item |