Pop-Metodieva, Biljana (2017) Примена на стаклени влакна во технологија за намотување на филаменти: дизајн и анализа на процес. Masters thesis, University Goce Delcev Stip.
Preview |
Text
MR 22.09.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во овој магистерски труд направено е истражување за производство на
композитни цевки. Користени сестаклени влакна како зајакнувачки материјал и
епоксидна смола како полимерна матрица. Композитните цевки се произведени во
точно определени услови со примена на методот за намотување на филаменти.
Направено е дизајнирање на процесот преку примена на полн три факторен
експеримент со земање на три фактори кои најмногу влијаат на процесоти со
нивно менувањена две нивоа: минимална и максимална вредност. Земени се
следните фактори односно параметри на процесот: брзина на намотување, јачина
на истегнување и агол на намотување на влакната. Врз основа на план матрицата
направени се 8 експерименти со менување на трите фактори на две нивоа (23).
Добиени се 8 различни примероци – композитни цевки и за сите е определена
јачината на компресија.
Врз основа на добиените резултати добиена еадекватна регресиона
равенкакоја најдобро го опишува влијанието на избраните фактори врз јачината
на комресија односно врз отпорноста на цевките се до нивна целосна деструкција.
Од добините резултати и регресионата равенка добиен е заклучокот дека
влијанието на брзината на намотување и тензијата на влакната е минимално врз
отпорноста на композитните цевки и дека скоро и да не постои интеракција помеѓу
овие фактори. Аголот на намотувањесе покажа дека има големо влијание врз
отпорноста на композитните цевки на комресија. Имено, аголот на намотување
влијае обратнопропорционално врз јачината на компресија. Добиените резултати
се од голема важност за примената на композитните цевки добиени со методот на
намотување на филаменти, а особено кога од материјалот се бара да има мала
специфична маса, а голема јачина на комресијa.
Клучни зборови: дизајн на експерименти,намотување на филаменти,
композитни цевки, јачина на комресија.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 05 Oct 2017 11:04 |
Last Modified: | 05 Oct 2017 11:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18265 |
Actions (login required)
View Item |