Ruskovska, Tatjana and Milev, Mishko and Tuseva, Ivana (2017) Тиол/дисулфиден статус и оксидирани липопротеини кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
Studentski proekt-pages-1-7,24.pdf Download (888kB) | Preview |
Abstract
Атеросклерозата е најчеста причина за кардиоваскуларните заболувања, а нарушениот редокс баланс се поврзува со најголемиот дел од факторите на ризик за нејзина рана појава и напредување. Меѓутоа, концептот на „лекување“ на оксидативниот стрес со редокс активни компоненти (антиоксидантни витамини и суплементи) се напушта и современата наука се фокусира на изучување на сигналната функција на слободните радикали и на механизмите на ендогена антиоксидантна заштита.
Тиолните групи претставуваат значајна компонента на ендогената антиоксидантна заштита. Постојат докази дека нарушувањата на динамичната тиол/дисулфидна хомеостаза се инволвирани во патогенезата на различни заболувања, вклучувајќи ја и атеросклерозата. Во рамките на овој научно-истражувачки проект ќе ја истражиме поврзаноста меѓу оксидираните липопротеини и тиол/дисулфидниот статус кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа. Добиените резултати ќе преставуваат основа за идни истражувања на механизмите за регулација на тиол/дисулфидната хомеостаза и последиците од нејзиното нарушување.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 20 Jun 2017 14:06 |
Last Modified: | 06 May 2019 11:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17934 |
Actions (login required)
View Item |