Namicev, Petar (2017) Елементи на проектирање - проектирање на ентериер на јавни објекти. Goce Delcev University, Stip, Stip, Republic of Macedonia. ISBN 978-608-244-403-1
Full text not available from this repository.Abstract
Презентираниот материјал со одреден обем и структура треба да создаде јасна слика за елементите и методологијата на проектирање на јавните објекти. Материјалот се однесува на проектирање и дизајнирање на простори наменети за јавна општествена функција, каде за секоја област се применуваат одредени стандарди базирани на искуствата во современото урбано живеење. Материјата опфаќа презентација на основните елементи на проектирање, поврзани со обликување на просторот и димензионирање на елементи.
Материјата се однесува на дел од јавните објекти наменети за административни простори (општествени објекти, компании) од сите специјализирани дејности кои имаат дел од просторот наменет за канцелариски простор, објекти со намена од областа на културата (музеи, театри, кино сали, опери и сл.) и објекти од областа на едукацијата (градинки, училишта и сл.). Опфатени се дел од јавните објекти кои се карактеристични за да се обработи методологијата на проектирање и функционирање на истите, а кои се дел од наставната програма.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Petar Namicev |
Date Deposited: | 20 Jun 2017 13:45 |
Last Modified: | 20 Jun 2017 13:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17933 |
Actions (login required)
View Item |