Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Cvetkovski, Aleksandar and Ivanovska, Verica and Atanasova, Dijana and Micevska, Angela (2017) Придонес на фармацевтите во контрола на резистентноста на антибиотиците. [Project]
Preview |
Text
Proekt_2017.pdf Download (764kB) | Preview |
Abstract
Антибиотиците се лекови кои ги убиваат или го спречуваат растот на бактериите, а немаат никакво влијание врз вирусите. Се издаваат по препорака од лекар во јавните аптеки од фармацевт, согласно националната регулатива во Република Македонија.
Во болничките установи, антибиотиците се користат за лакување и профилакса на инфекции. Соодветно спроведената антибиотска терапија дава извонредни резултати. Од друга страна, неоправданата и нерационална употреба на антибиотиците ги зголемува трошоците на интервенцијата и има последици за пациентот.
Антимикробната резистенција претставува јавно-здравствен проблем кој ја компромитира терапијата, води кон неповолен терапевтски ефект, го продолжува лекувањето, ги зголемува трошоците за лекување и болничкиот престој и има социјално-економски последици по целото општество
Цел на ова истражување е евалуација на потрошувачката на антибиотици во јавните аптеки и болничките установи во РМ споредено со препораките на МБД и стандардните терапевтски водичи, ризик факторите за појава на антимикробна резистенција, мерките за рационализација на употребата на антибиотици и економскиот ефект за поединците и општеството. За остварување на поставените цели ќе користиме релевантни литературни податоци, соодветни фармакоепидемиолошки методи и анализи спроведени на фармацевти, пациенти и болнички установи.
Резултатите, дискусијата и заклучоците ќе ни дадат нови сознанија за степенот на рационализацијата на антибиотската терапија во РМ споредено со земјите на ЕУ и препораките на МБД.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 17 Jul 2017 10:54 |
Last Modified: | 17 Jul 2017 10:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17930 |
Actions (login required)
View Item |