Serafimovski, Todor and Spasovski, Orce and Stefanova, Violeta and Tasev, Goran and Gjorgjiev, Lazar and Bogatinovski, Nikola (2017) Проучување на геолошките, морфогенетските и геоеколошките карактеристики на рудните наоѓалишта во Република Македонија. [Project] (Submitted)
Preview |
Text
OB.06.50 Барање за финансирањ Prof Serafimovski 2016 repos.pdf Download (608kB) | Preview |
Abstract
Регионалните металогенетски истражувања и проучувања овозможуваат насочување на одредени детални геолошки истражувања на потенцијални локалитети со атрактивни минерални суровини од редот на бакар, злато, сребро и придружни метали. Нивното истражување повлекува и систематско проучување со цел да се добијат информации и за оние подлабоки делови од потенцијалниот простор за кои физички нема доволна пристапност. Софистицираните изотопски испитувања, испитувањата на ретките елементи, елементите од групата на ретките земји и современите моделирања на морфогенетските процеси овозможуваат формирање на модели на поедини рудни наоѓалишта или покрупни потенцијални простори за кои понатаму се користат соодветни детални геолошки истражувања. Моделирањето на рудоносните локалитети од редот на Плавица, Боров Дол, Петрошница, јужен дел на Кожув, Двориште, Црвена Река, Балташница, Иловица, Кадиица и други, ќе биде во опсегот на интересот во рамките на овој проект и со реализирањето на ваквите студиски активности ќе се даде конкретен придонес во фазата на деталните истражувања на овие потенцијални простори.
Процесирањето на минералните суровини во рамките на активните рудници, каков што е случајот со Саса, Злетово, Бучим и други, ја наметнуваат потребата од проучување на влијанието врз животната средина преку соодветни модели, кои го прикажуваат амбиенталното, дренажното и почвеното загадување во поширок опсег во атмосферата, вдолж современите речни текови и почвите и плодните земјишта околу активните капацитети. Во тој контекст биодостапноста е процес кој скоро редовно се вклучува во проучувањето на овие контаминенти.
Потенцијалните простори, посебно во јужните делови на Кожуфската металогенетска област и пошироката околина на Иловица, претставуваат предизвик затоа што оперативните детални геолошки истражувања се делумно завршени, а делумно се активни, додека проучувањата на овие суровини се само во почетна фаза.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Earth and related environmental sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Todor Serafimovski |
Date Deposited: | 21 Jun 2017 11:24 |
Last Modified: | 21 Jun 2017 11:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17920 |
Actions (login required)
View Item |