Papakoca, Kiro and Naskova, Sanja and Mitevski, Kiril and Apostoloski, Pavle and Petrovski, Mihajlo (2017) Анатомија на вилици и дентална морфологија - практикум. ISBN 620 978-608-244-407-9.
Full text not available from this repository.Abstract
Место предговор на овој практикум сакам да направам директно обраќање за значењето на овој Ваш практикум.
Пред Вас се наоѓа практикумот по предметот Анатомија на вилиците и дентална морфологија. Ова претставува Вашиот прв стручен предмет од Вашата студиска програма, со кој ќе стапите во контакт. Со помош на неговите страници се надаваме дека ќе направите „влез“ во Вашата идна професија.
Во овој практикум се опишани основите на анатомските структури кои го градат стоматолошкиот систем и е дадена основната градба на забите. Дадени се и основите со чија помош Вие ќе ги моделирате и цртате забите. И секако во најголем дел од практикумот се опишани основните морфолошки карактеристики на забите, со чија помош Вие ќе ги цртате и моделирате забите во текот на вежбите по овој предмет.
Практикумот богато е илустриран со слики, фотографии и илустрации, сè со цел, сето она што треба да го изработите, да Ви стане поопипливо и полесно да го запомнете. Дадени се антрополошките мерки за секој од забите според кој Вие ќе ги изработувате забите од гипс и восок.
На крајот на практикумот се наоѓа табела во која асистентите со кои ќе работите на вежбите треба да го пополните. Овој дел се однесува на успешноста на Вашите практични вештини и секако теоретската подготвеност за изведување на вежбите.
Бидејќи, како што е добро познато, секој што работи има право и да згреши, ние како автори сме свесни дека можеби практикумот има одредени недостатоци. Затоа сите добронамерни сугестии и забелешки ќе ги прифатиме. Секако, сè со цел практикумот да стане и да биде незаменлив дел од Вашата стручна литература.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Kiro Papakoca |
Date Deposited: | 19 Jun 2017 11:52 |
Last Modified: | 19 Jun 2017 11:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17910 |
Actions (login required)
View Item |