Kusevska, Marija (2016) Рамка за меѓукултурните истражувања на говорните чинови. Јазикот наш денешен, кн. 26. Зборник на трудови од научниот собир „Јазичната слика на светот“. pp. 119-128. ISSN 978-608-220-039-2
Preview |
Text
Zbornik.pdf Download (203kB) | Preview |
Preview |
Text
Korubin-statija.pdf Download (533kB) | Preview |
Abstract
Во овој труд поаѓаме од констатацијата на Остин (Austin 1962) дека говорните чинови му овозможуваат на говорителот да го искористи јазикот за остварување на некои свои цели, на пример да побара услуга, да даде комплимент, да се заблагодари, да се согласи или да не се согласи, и сл. Емпириските истражувања на говорните чинови се засноваат врз неколку аспекти, кон кои ќе се осврнеме и ние во ова излагање:
- варијабилноста, т.е. еден говорен чин може да се оствари со употреба на различни јазични средства, во зависност од социопрагматичките услови (моќта на соговорниците, блискоста меѓу нив, сериозноста на ситуацијата, обемот на наметнувањето, родовата припадност и сл.);
- комуникациските принципи според кои говорителите ги избираат стратегиите за реализација на говорните чинови;
- културната припадност на соговорниците, од што зависат очекувањата на соговорниците при реализацијата на говорните чинови и нивната интерпретација, како и изборот на јазичните средства за нивно обликување.
Посебно ќе се осврнеме и на контрастивните истражувања на говорните чинови во македонскиот и во англискиот јазик.
Клучни зборови: говорни чинови, социопрагматика, принципи на комуникација, меѓукултурна прагматика
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 19 Jun 2017 14:01 |
Last Modified: | 19 Jun 2017 14:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17900 |
Actions (login required)
View Item |