Ivanovska, Biljana and Basovska, Meri (2017) За зборот што направи успешна кариера во јазикот. Зборник на трудови од меѓународна научна конференција „Климентовото дело“. pp. 285-293. ISSN 978-608-244-404-8
Preview |
Text
B.I.1.pdf Download (751kB) | Preview |
Abstract
Целта на овој труд е анализа и интерпретација на значењата на лексемата googeln (eng. google) и нејзината употреба во современиот германски јазик. Го претставуваме потеклото на овој збор тргнувајќи од името на компанијата што на почетокот била именувана со оваа лексема симболизирајќи ја намерата во своето функционирање, значењето на лексемата како глагол кој покажува многу повеќе од активност и нејзиниот развој до општа именка и/или глагол. Импозантна и галопирачка е употребата што ja направи овој збор во јазикот. Неговата појава во германскиот јазик би можело да се интерпретира како англицизам и/или неологизам, но сепак во англискиот и во германскиот јазичен систем постои одредена самостојност во неговата употреба како брендирано име кое е општо прифатено и разбирливо за широката популација.
Не е прашањето дали, туку како оваа лексема се интегрира во јазичниот систем. Во овој труд се анализираат особеностите на оваа лексема од аспект на зборообразувањето, на фонологијата и графематиката. Во однос на лексикализацијата на именувањата со оваа лексема ги прифаќаме и разгледуваме стадиумите за употреба на зборот според Латур С. (1996), според која првостепена е употребата на името во форма на персонализација, потоа истото име може да се користи за именување/опишување на тип на продукт/ марка (т.н. банализирање), а како највисок степен на банализирање е употребата на именуваното како глагол. Дали и колку овие поставки ќе се потврдат, се обидуваме да покажеме во анализираниот материјал.
Клучни зборови: googeln, англицизми, неологизми, јазична интеграција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Ivanovska |
Date Deposited: | 16 Jun 2017 12:13 |
Last Modified: | 16 Jun 2017 12:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17856 |
Actions (login required)
View Item |