Секциско предавање на тема „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“

Mladenoski, Ranko (2017) Секциско предавање на тема „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“. In: II Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – филологија, култура и образование, 10-11 мај 2017 година, Воронешки државен универзитет, Руска Федерација. (Unpublished)

[thumbnail of Mladenoski predavanje FILKO 2.pdf]
Preview
Text
Mladenoski predavanje FILKO 2.pdf

Download (814kB) | Preview

Abstract

На II Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – филологија, култура и образование што се одржа во Вороњеж, Руска Федерација, на 10 и 11 мај 2017 година во организација на Вороњешкиот државен универзитет и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Република Македонија, проф. д-р Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“. Во текот на секциското предавање беше истакнато дека поезијата на Блаже Конески веќе долго време предизвикува голем интерес и кај читателската публика и во книжевно-научните кругови. Потоа се пристапи кон елаборација на поезијата на Конески во која има неколку песни со наслов „Молитва“ и тоа од разни периоди од неговото книжевно стихотворство. Беше нагласено дека ова е значаен сегмент од поетскиот дискурс на македонскиот поетски великан затоа што во оној момент кога „молитвата“ на Конески (или, ако сакаме да бидеме попрецизни, на лирскиот субјект) станува и „молитва“ на читателот, на реципиентот, тогаш поезијата на Конески се преобразува во молитвен амбиент, во „стиховен простор за молитва“, во „поетски храм“, односно во „поетски ораториум“. Станува збор, всушност, за шест песни од поетскиот опус на Конески што се насловени со „молитва“: а) две песни со наслов „Молитва“ во збирката „Песни“ објавена во 1953 година; б) песна со наслов „Молитва за сон“ во збирката „Стари и нови песни“ од 1979 година; в) песна со наслов „Молитва“ во збирката „Црква“ од 1988 година; г) песна со наслов „Молитва“ во збирката „Небеска река“ од 1991 година; д) песна со наслов „Молитва за успокојување“ во последната стихозбирка „Црн овен“ објавена во 1993 ‒ годината во која Конески само физички замина од овој свет, но остана вечно да живее во духот на македонската културна традиција со своето маестрално дело.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Jun 2017 08:28
Last Modified: 12 Jun 2017 08:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17854

Actions (login required)

View Item View Item