Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија

Belcev, Tole and Mladenoski, Ranko (2017) Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Климентовото дело“, 1 (1). pp. 85-93. ISSN 978-608-244-404-8

[thumbnail of Belcev i Mladenoski trud za Klimentovoto delo.pdf]
Preview
Text
Belcev i Mladenoski trud za Klimentovoto delo.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во трудот со наслов „Контекстот св. Климент vs Прличев во македонската културна меморија“ се елаборираат воспоставените релации во македонската колективна културна меморија меѓу двајца мошне значајни дејци од македонската книжевна и, воопшто, културна историја ‒ св. Климент Охридски од 9 век и Григор Прличев од 19 век. Имено, во трудот се интерпретираат неколку народни легенди и преданија во кои македонската фолклорна традиција ги поставува св. Климент и Прличев во идентичен хронотопски контекст, како и суштинските особености на „Словото за св. Климент“ (Слово за Климента) од Григор Прличев одржано во Охрид во 60-тите години на 19 век, но и неговата „Автобиографија“ пишувана во 1884 и 1885 година во Солун. Во заклучокот од трудот се сублимираат резултатите од истражувањето во врска со потенцијалните причини, но и мотиви за ваквото поврзување на св. Климент и Прличев чии животи ги дели време од безмалку десет века.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 30 May 2017 11:54
Last Modified: 30 May 2017 11:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17840

Actions (login required)

View Item View Item