Финансиско известување - цели и задачи

Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2010) Финансиско известување - цели и задачи. In: Годишен зборник 2010, Економски факултет. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, pp. 241-250.

[thumbnail of Финансиско известување-труд 1.docx] Text
Финансиско известување-труд 1.docx

Download (31kB)

Abstract

Финансиските извештаи се универзално прифатено средство за
анализа на работењето на еден деловен ентитет. Правилно интерпретирани,
тие откриваат како работи една компанија и колку добро работела во
минатото.
Инвеститорите купуваат акции на пазарот со очекување дека ќе
добијат дивиденда, како и пораст на вредноста на акциите, со релативен
степен на сигурност во безбедноста на нивната инвестиција. Кредиторите
одобруваат заеми со очекување за заработка на камата, како и враќање
на главнината од страна на кредитираните субјекти. Во овој процес на
инвестирање инвеститорите и кредиторите пресметуваат одреден процент
на ризик, со кој се искажува веројатноста очекувањата од вложувањата да
не бидат остварени. Анализата на финансиските извештаи, како посебна
вештина, може да им помогне на сите нив да ја предвидат вредноста на
очекуваните враќања, како и да го проценат ризикот придружен на нивните
инвестиции и заеми.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 24 Nov 2012 10:40
Last Modified: 24 Nov 2012 10:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1782

Actions (login required)

View Item View Item