Анализа на финансиски извештаи

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2017) Анализа на финансиски извештаи. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-382-9

Full text not available from this repository.

Abstract

Зошто е потребна анализата на финансиските извештаи? Одговорот се наоѓа во несовршеноста на системот на финансиско известување: несовпаѓање на деловните настани со нивното сметководствено признавање; различниот сметководствен третман на исти деловни трансакции во различни земји, дејности или компании; постоење на дополнителни информации надвор од финансиските извештаи на компаниите кои се значајни за формулирање на оценка за работењето и слично.
Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Финансиските извештаи претставуваат прегледи кои го опфаќаат целокупното работење на компанијата. Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира пред се на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите.
Учебникот „Анализа на финансиските извештаи“ е наменета, пред сè, за студентите на додипломски и постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои го изучуваат истоимениот предмет, но можат да го користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е презентација на една целосна анализа на работењето на компаниите, која опфаќа повеќе елементи: анализа на деловната стратегија, анализа на сметководствените политики и финансиска анализа.
Во тој контекст, материјалот опфатен во учебникот е поделе на неколку делови:
Глава I – Основи на анализата на работењето на претпријатијата;
Глава II – Поим, видови и содржина на финансиските извештаи;
Глава III – Анализа на деловната стратегија на компанијата;
Глава IV – Примена на сметководствена анализа,политики и проценки во составување и презентирање на финансиските извештаи;
Глава V – Методи на анализата на финансиските извештаи.
Глава VI – Проспективна анализа

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 16 May 2017 09:47
Last Modified: 16 May 2017 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17787

Actions (login required)

View Item View Item