Petrevska, Biljana (2017) Заштита на животната средина и енергетската ефикасност во хотелската индустрија. In: Енергетската ефикасност и еколошките унапредувања во хотелската индустрија. Универзитет Гоце Делчев - Штип, Електротехнички факултет, pp. 30-52. ISBN 978-608-244-390-4
Preview |
Text
Edicija_del Petrevska.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Хотелите спаѓаат во групата објекти кои се едни од најголемите потрошувачи на енергија што резултира со големи оперативни трошоци во секојдневното работење. Тие спаѓаат во првите пет категории потрошувачи на електрична енергија во терцијарниот сектор (помалку само од услугите за храна, продажбата, здравствената заштита и останати канцелариски услуги) (Hotel Energy Solutions, 2011). Тоа зборува за постоење нераскинлива врска помеѓу хотелската индустрија и можноста за нејзин развој од една страна, и енергетската ефикасност, од друга страна. Оттука, главен приоритет на менаџментот на хотелите е голем дел од своите активности да ги фокусира кон намалување на оперативните трошоци, првенствено преку воведување методи за зголемување на енергетската ефикасност вклучително и воведување обновливи извори на енергија. Така, би се заштитила животната средина, но и хотелите би станале објекти кои се еколошки поприфатливи. Имајќи предвид дека чиста и заштитена средина е еден од основните предуслови за добра хотелска понуда, јасно произлегува зависноста на развојот на хотелската индустрија од природата.
Ова истражување настојува да ги исполни следните поединечни цели:
1) Да укаже на значењето на концептот на енергетска ефикасност применет во хотелската индустрија;
2) Да го анализира степенот на примена на концептот на енергетска ефикасност во хотелот „Фламинго“ - Гевгелија; и
3) Да даде значајни препораки за намалување на оперативните трошоци на работењето на хотелите преку заштеда на енергија и примена на нови, алтернативни извори на енергија.
Во насока на остварување на зацртаните цели, трудот методолошки е структуриран во неколку делови. По воведот, следи вториот дел кој дава осврт на теоријата која ја обработува проблематиката за заштита на животната средина и концептот на енергетска ефикасност, како и придобивките од тоа за развој на хотелската индустрија. Во третиот дел е даден осврт на хотелската индустрија во Македонија при што е даден краток опис на хотелот „Фламинго“ од Гевгелија, како избран случај за анализа, и неговата позиција во рамки на хотелската индустрија во Македонија. Во четвртиот дел е објаснета применетата истражувачка методологија, додека петтиот дел ги содржи анализата и интерпретацијата на резултатите од истражувањето. Заклучоците и препораките се презентирани во шестиот дел, додека идните насоки за подобрување на истражувањето се прикажани во седмиот, кој е воедно последен дел од трудот.
Генерално, придонесот на ова истражување е трикратно:
(1) Овозможува да се добијат продлабочени сознанија за примена на концептот за заштита на животната средина и енергетската ефикасност во хотелите во Македонија, при што се наведени одредени нови предизвици кои нужно мора да се воведат во управувањето со хотелите;
(2) Презентирани се сознанија за работењето на хотелот „Фламинго“ од Гевгелија, кој како добро позициониран хотел со пет ѕвезди, може да служи како пример на останатите хотели во Македонија во однос на користењето енергија во секојдневното работење; и
(3) Се збогатува скромната литература од оваа проблематика во Македонија, со одредени исклучоци (Cingoski et al, 2015; Petrevska & Cingoski, 2015 and 2016; Petrevska et al, 2016).
Item Type: | Book Section |
---|---|
Additional Information: | Едицијата е заеднички труд на дел од членовите на проектниот тим кој учествуваше во реализација на научно-истражувачкиот проект „Mожности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија“, одобрен од страна на Сенатот на Унивезитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Одлука бр. 0801-139/26 од 27.01.2015 година. |
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 02 May 2017 09:16 |
Last Modified: | 02 May 2017 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17746 |
Actions (login required)
View Item |