Jakimovska, Svetlana (2017) Француски јазик 1 - практикум. ISBN 978-608-244-389-8.
Full text not available from this repository.Abstract
Учебното помагало „Француски јазик 1 – практикум“ претставува дополнение на скриптата „Француски јазик 1“ објавена на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во 2014 година. Овој Практикум има за цел на студентите да им понуди можност да ги проверат сопствените знаења преку самостојна работа, но и да ги надоградат стекнатите знаења и да се нурнат подлабоко во француската лексика, граматика,
фонетика и култура. Инаку, Практикумот ја следи структурата на соодветната скрипта, па тој е поделен на дванаесет лекции или вкупно тринаесет заедно со првата,воведна лекција. Треба да се спомене дека последниот дел од скриптата Pour aller plus loin… нуди вежби од отворен тип кои го поттикнуваат студентот да се изразува и да истражува и на ниво на јазик и на ниво на култура. Користејќи ја скриптата како наставно помагало можевме да увидиме кои се нејзините недостатоци или кои области таа не ги покрива, па во таа смисла Практикумот е насочен кон надополнување на таквите празнини.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Svetlana Jakimovska |
Date Deposited: | 02 May 2017 09:14 |
Last Modified: | 02 May 2017 09:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17744 |
Actions (login required)
View Item |