Интеракција тло - конструкција при влезни хармониски и импулсивни P-SV бранови генерирани од подземни активности

Kokalanov, Vasko (2016) Интеракција тло - конструкција при влезни хармониски и импулсивни P-SV бранови генерирани од подземни активности. PhD thesis, University St. Cyril and Methodius of Skopje.

[thumbnail of Докторска дисертација]
Preview
Other (Докторска дисертација)
doktorat.pdf - Published Version

Download (11MB) | Preview

Abstract

Земјотресот во Ниигита, 1964 година, беше иницијална каписла за развивање на тезата дека оштетувањата на објектите не се резултат само на одговорот на надземната конструкција на динамичката побуда, туку во голема мера зависат и од геолошките услови и одговорот на подземната конструкција - фундаментите. Оттогаш многу научници својата работа ја насочиле во експириментални, аналитички и нумерички истражувања на интеракцијата помеѓу трите компоненти на интегрираниот систем: конструкција - темел - почва.
Истражувањата во оваа докторска дисертација се базирани на нумерички модел за симулација на пропагирање на P-SV бран низ различни медиуми: почва, полу-осмоаголен флексибилен темел и монолитна конструкција. Анализирани се резултати добиени од два вида на побуди: полусинусоиден пулс и монохроматска синусоида. Дистрибуцијата на енергијата во нумеричкиот моде, од изворот до интерактивниот систем, а потоа и нејзиното расејување надвор од моделот во бесконечност, е преку бранова пропагација, која е верификувана со законот за постојаност на енергија и основни физички закони за браново движење.
Резултатите во кои се гледа одговорот на конструкцијата на монохроматските побуди се показател дека точките на контактите почва - темел и темел - конструкција не се побудуваат симултано, што предизвикува диференцијални поместувања. Во докторската дисертација се покажани последиците од вертикалните диференцијални поместувања кај долги објекти само во рамнината на пропагација на бранот. Докторската дисертација посочува и дека поради сферниот облик на брановото движење низ почвата, диференцијални поместувања ќе настанат и надвор од разгледуваната рамнина, што има за последица појава на торзиони сили.
Нумеричките симулации со побуда во фрома на полусинусоиден пулс, кој генерира бран кој приоѓа под одреден агол на конструкцијата, произведоа резултати со кои се покажа дека постои ефект на бранов премин преку темелот. Темелот како покруто тело неможе да ја следи деформацијата на почвата и затоа ротира. Поради интеракцијата на темелот и конструкцијата оваа ротација се пренесува и на конструкцијата. Тоа доведува до заклучок дека поместувањата на најгорните точки од конструкцијата не се резултат само на одговорот на конструкцијата, туку и од ратацијата на темелот која зависи од почвените услови, крутоста на темелот и други фактори.
Низ анализата на одговорот на интегрираниот систем тло-темел-конструкција се покажа дека резултатите од пресметките на конструкција поставена на фиксна основа, според насоките од постоечките прописи не се комплетни и истите треба да биде надополнети со ефектите кои произлегуваат од синхронизираното однесување на системот во целина. Целта на докторската дисертација е да укаже на потребата за осовременување на постоечките прописи и да изгради аналитички и нумерички модел на чија основа ќе се спроведат дополнителни истражувања со кои ќе се дадат соодветните препораки за надополнување на прописите.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Engineering and Technology > Civil engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vasko Kokalanov
Date Deposited: 05 Apr 2017 08:06
Last Modified: 05 Apr 2017 08:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17670

Actions (login required)

View Item View Item