Belcev, Tole and Trajanova, Aleksandra (2016) Нараторите и наратерите во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго. Годишен зборник на Филолошки факултет – Штип, 7 (1). pp. 47-60. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
Belcev i Trajanova trud God Zbornik 2016.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Овој труд со наслов „Нараторите и наратерите во романот Бабаџан од Живко Чинго“ претставува еден вид читање на романот „Бабаџан“. Структурата и содржината на романот „Бабаџан“ е презентирана со помош на елементи на наратологијата, поточно со детална анализа на нараторите и наратерите како едни од базичните структурни елементи на нарацијата, но и на наратологијата. Трудот започнува со кратки појаснувања за наратологијата како наука за структурата на раскажувачкиот текст, потоа следува објаснување на термините нарација, наратор и наратер. Главниот дел содржи детална анализа на нараторите и наратерите во романот „Бабаџан“ од Живко Чинго. Во романот „Бабаџан“ постојат повеќе видови наратори кои може да се класифицираат во неколку групи. Нараторите во романот се претставени преку ликови во книжевното дело. Како корелат на нараторите, во романот постојат и ликови-наратери. Наратерите се претставени преку неколку ликови во романот. Со помош на анализата на нараторите и наратерите може да се согледа специфичноста на овој роман за што станува збор во заклучокот на овој труд.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Tole Belcev |
Date Deposited: | 01 Mar 2017 12:32 |
Last Modified: | 01 Mar 2017 12:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17564 |
Actions (login required)
View Item |