Акредитивот како средство за плаќање во меѓународниот промет

Tusevska, Borka (2011) Акредитивот како средство за плаќање во меѓународниот промет. Зборник на Правен факултет - Штип.

[thumbnail of АКРЕДИТИВОТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОМЕТ.doc] Text
АКРЕДИТИВОТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОМЕТ.doc

Download (70kB)

Abstract

Акредитивот (letter of credit/le credit documentaire/la lattera di credito/das Akkreditiv) како банкарска услужна дејност претставува најмоќниот и најраспространетиот инструмент на платниот промет во меѓународната трговија. Терминот „letter of credit“ потекнува од францускиот збор „accreditation“ – овластување/ополномоштување да се направи нешто, што пак потекнува од латинскиот збор „accreditivus“ – доверба. Секое општество во кое трговијата игра важна улога, порано или подоцна мора да се соочи со зголемената циркулација на акредитивот како средство за плаќање и финансирање на повеќето меѓународни трансакции. Во ова смисла, акредитивот претставува крвотокот на меѓународната трговија. Како инструмент на автономното трговско право, целта на акредитивот е задоволување на потребите (обезбедување гаранција во наплатата) на учесниците во современиот трговски промет. Во својата суштина акредитивот преставува правно дело (налог) склучено помеѓу налогодавецот и банката („акредитивна банка“) врз основа на што банката се обврзува на одредено трето лице („корисник на акредитивот“) да му исплати одредена сума пари доколку во утврдениот временски период бидат исполнети условите наведени во налогот за отворање на акредитивот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 22 Nov 2012 15:01
Last Modified: 05 Dec 2012 09:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1747

Actions (login required)

View Item View Item