Влијанието на глобализацијата врз сметководството

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica and Georgieva Svrtinov, Vesna (2016) Влијанието на глобализацијата врз сметководството. Зборник на трудови, Економски факултет, VI-та Маѓународна научна и практична конференција "Управување со развојот на економските регионални системи: Евроазиска перспектива". ISSN 978-608-244-374-4

[thumbnail of Зборник2.pdf]
Preview
Text
Зборник2.pdf

Download (545kB) | Preview

Abstract

Како што истакнал и Џозеф Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за
економија во 2001 година, речиси преку ноќ „глобализацијата стана најважното прашање со кое се
соочува светот”. Процесот на глобализација има огромно влијание и врз сметководството. Живееме
во време во кое се соочуваме со сериозни напори за развој на глобална регулација на финансиските
информации презентирани во финансиските извештаи на компаниите. Најважната причина за појава
и развој на глобалните Меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ), кои се јавуваат
како резултат на потребата од хармонизација на финансиското известување, е поддршката на
слободното движење на ресурсите, поттикнато од глобализацијата на светскиот пазар на капитал. Со
цел за ефикасно функционирање на пазарот, како и ефикасна алокација на капиталот, инвеститорите
бараат транспарентност и доверливост од финансиските информации, кои мораат веродостојно и
објективно да ги рефлектираат економските перформанси на компаниите. Предмет на дискусија во
овој труд претставува влијанието кое процесот на глобализација го има врз сметководството, од три
перспективи, кои вклучуваат: анализа на влијанието на Меѓународните стандарди за финансиско
известување, менаџерското сметководство и заканите и предизвиците за сметководителите.
Клучни зборови: глобализација, сметководство, Меѓународни стандарди за финансиско
известување, влијание, финансиски информации.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 20 Feb 2017 10:04
Last Modified: 20 Feb 2017 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17456

Actions (login required)

View Item View Item