Cvetanovska, Lenka and Maksimova, Viktorija and Klincarska Jovanovska, Ivana and Cevtanovska, Ana (2015) Фармацевтска ботаника. ISBN 978-608-244-264-8.
Full text not available from this repository.Abstract
Уште од најстари времиња луѓето ги користеле растенијата во медицински цели.
Основен предуслов за нивно правилно користење во фармацевтски цели е нивно правилно
детерминирање и докажување. Овoj практикум претставува прв практикум од облaста на
фармацевтската ботаника издаден при Универзитетот „Гоце Делчев“ во кој се опфатени
карактеристичните маркери за макроскопска и микроскопска идентификација на лековитите
растенија, кои поради својот специфичен хемиски состав имаат посебно значење во
фармацијата. Целта на овој практикум е студентите да се здобијат со практични знаења со кои
би можеле да ги препозанаваат и докажуваат најпознатите лековити растенија, кои се користат
понатаму за изработка на хербални екстракти, хербални препарати, козметички препарати и
помошни медицински средства. Практикумот пред се, е наменент за студентите на Факултетот
за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а неговата содржината
кореспондира со прифатената наставна програма наменета за студентите по фармација.
Освен тоа студентите преку овој курс треба да се стекнат и со знаења за факторите кои влијаат
врз растот и развојот на растенијата, како и врз нивната синтеза на секундарните метаболити.
Поглавјата се елаборирани системски, децидно и прегледно што е основен предуслов
студентите да можат лесно да ја следат, воспримат и разберат суштината на предочената
содржина од областа на растителната цитологија, хистологија и анатомија, како и систематика
на растителните видови, особено оние кои содржат хемиски компоненти со способност да
предизвикаат фармаколошки ефект кај човекот.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Biological sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 15 Feb 2017 13:28 |
Last Modified: | 15 Feb 2017 13:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17407 |
Actions (login required)
View Item |