Irevul, Enis and Nikolovska, Lence (2015) Рехабилитација на пациенти со мозочен удар. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 10 (23). pp. 22-23. ISSN 1857-5994
Preview |
Text
Медикус бр. 23, 2015г..pdf Download (433kB) | Preview |
Preview |
Text
LN 3.pdf Download (447kB) | Preview |
Abstract
Мозочниот удар претставува тешко оштетување на мозочната функција, настаната поради акутно растројство на мозочната циркулација. Според етиологијата и клиничката слика, мозочните удари се делат на: исхемични и хеморагични.
Исхемичните мозочни удари се јавуваат како: минливи церебрални исхемии (TIA), реверзибилен исхемичен невролошки дефицит (RIND), инфаркт и инфаркт во еволуција.
Хеморагичните мозочни удари се манифестираат како: интрацеребрални, интравентрикуларни, субарахноидални, eпидурални и субдурални.
Ризик факторите за појава на инсулт се класифицирани како: природни (возраст, пол, наследност); стекнати (покачен крвен притисок, шеќерна болест, срцеви заболувања, дебелина, пушење, алкохолизам); малформации на крвите садови во мозокот, инфекции, тумори и трауми. За правилно лекување на мозочниот удар потребна е правилна и навремена дијагностика, изработка на програма за рехабилитација и кинези терапевтски комплекс соодветен за различите стадиуми на болеста како и добар кинези терапевтски тим кој правилно ќе го следи процесот на лекување и рехабилитација на пациентите со мозочен удар.
Според зачестеноста, мозочните удари се на прво место меѓу невролошките заболувања кај возрасните, а на трето место по смртност во светот, веднаш после кардиоваскуларните и малигните болести. Се смета дека 21% од сите инсулти спаѓаат во TIA (транзиторна исхемична атака), 65% се исхемични инсулти (од кои 45% се тромботични, а 20% емболични), 24% се хеморагични инсулти (од кои 12% се интрацеребрални, а 12% се субарахноидални хеморагии). Инвалидноста кај преживеаните изнесува околу 50 %.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tose Krstev |
Date Deposited: | 14 Feb 2017 12:43 |
Last Modified: | 14 Feb 2017 12:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17391 |
Actions (login required)
View Item |