Улогата на компјутеризираната томографија во дијагностика на примарни и секундарни малигни промени

Prgova, Biljana and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana (2009) Улогата на компјутеризираната томографија во дијагностика на примарни и секундарни малигни промени. In: Книга на апстракти-5-ти Конгрес на радиолози на Македонија со меѓународно учество, 20-23 Sept 2009, Ohrid, Macedonia.

[thumbnail of 5-ti Internacionalen kongres na radiolozi.pdf]
Preview
Text
5-ti Internacionalen kongres na radiolozi.pdf

Download (734kB) | Preview
[thumbnail of ovarii-MS.pdf]
Preview
Text
ovarii-MS.pdf

Download (268kB) | Preview

Abstract

Цел: Да се потврди неопходноста за правилна индикација на КТ прегледите. 54-годишна пациентка е упатена на Радиолошко одделение во Воената болница-Скопје заради интензивни ноќни болки во крстот и десниот колк, третирани со физикална терапија, но со влошување на општата состојба. Поставена е индикација и реализирана е компјутеризирана томографија на Л-С ‘рбет, на која е утврден уреден наод. Заради анталгична положба на држење на телото и пореметување во одот, дополнително е направен нативен радиограм на карлица со колкови, на кој е видена зона на остеолиза на десното крило на илијачната коска, како и деструкција на ацетабулум, на пубична и на ишијадична коска. На КТ преглед на скелетот на карлицата, потврдена е првично поставената дијагноза за постоење на секундарни депозити на наведените коски. Не е добиен анамнестички податок од интерес за откривање на примарен тумор. По реализирана КТ на абдомен и мала карлица, се утврди постоење на бројни секундарни метастатски депозити и во хепарот, кој е зголемен, особено енормно зголемен е левиот лобус. Останатите паренхиматозни органи се со уредни КТ карактеристики. Во малата карлица се детектира хетеродензна ТУ-маса, која врши компресија на везика уринарија, но не ја инфилтрира. Поставено е сомнение дека туморот потекнува од левиот овариум. Направена е лапароскопија и биопсија, со која е потврден малигнитет. Како иноперабилен случај, пациентката е третирана палијативно на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Заклучок: Само со правилно земена анамнеза, радиологот е во можност да реализира соодветни дополнителни испитувања со кои ќе се постави точна дијагноза, што е во интерес на лекарот, а пред се’-на пациентот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Andrijana Sterjovska Aleksovska
Date Deposited: 10 Feb 2017 13:20
Last Modified: 10 Feb 2017 13:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17319

Actions (login required)

View Item View Item