Дали оваријалната ендометриоза влијае врз бременостите постигнати со технологии на асистирана хумана репродукција?

Sterjovska-Aleksovska, Andrijana and Zisovska, Elizabeta (2012) Дали оваријалната ендометриоза влијае врз бременостите постигнати со технологии на асистирана хумана репродукција? In: Научно-стручен собир на Факултет за медицински науки, 21 Dec 2012, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Ovarijalna endometrioza i ART-1 naucen sobir FMN 2012 pdf.pdf]
Preview
Text
Ovarijalna endometrioza i ART-1 naucen sobir FMN 2012 pdf.pdf

Download (401kB) | Preview
[thumbnail of Abstracts FMN UGD 2012 extr.pdf]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012 extr.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of Stip.pdf]
Preview
Text
Stip.pdf

Download (457kB) | Preview

Abstract

Вовед: Постои тековна дилема дали оваријалните ендометриотични цисти треба да се оперираат пред спроведување на постапка на асистирана репродуктивна техника (АРТ) или пак, не. Општите препораки се дека хируршкото отстранување на овие цисти не е апсолутно задолжително пред спроведување на АРТ процедура. Од друга страна пак, некои публикации покажаа дека нивното присуство може да влијае врз бременостите кај жени зачнати со ин-витро оплодување и ембрио-трансфер.
Цел: Да се детектира влијанието на оваријалната ендометриоза врз несаканите рани детерминанти на перинаталниот исход од бремености постигнати со АРТ.
Материјал и методи: Пациентките од оваа студија се бремени жени со единечна бременост, постигната со ин-витро фертилизација и ембрио-трансфер. Единствената прифатлива патолошка состојба беше присуството на оваријална ендометриоза. Критериум за исклучување: било кој друг ризик фактор. Во оваа ретроспективна опсервациона студија на случај-контрола, анализиравме медицински податоци од здравствените картони и компјутерската база на податоци од една гинеколошка поликлиничка здравствена установа. Ги евалуиравме следните перинатални исходи: времетраењето на бременоста (во гестациски седмици) и родилната тежина на терминските новородени.
Резултати: Беа анализирани вкупно 39 бремени со и 81 бремена жена без оваријална ендометриоза. Соодветно, 76.92% и 81.48% од нив добија живородени новороденчиња. Во однос на предтерминските раѓања, резултатите покажаа апсолутен ризик од 3% и релативен ризик од 3,4% со широк интервал на доверба, во прилог на бременостите без оваријална ендометриоза, но без статистичка сигнификантност. Што се однесува до појава на мала родилна тежина кај терминските новородени, апсолутниот и релативниот ризик беа еднакви на нула, покажувајќи дека и кај оваа варијабла не постои статистички значајна разлика.
Заклучок: Жените со оваријална ендометриоза кои зачнуваат со ИВФ немаат значајно повисок ризик од несакани исходи за бременоста, раѓањето и за новороденото во споредба со жените зачнати со ИВФ, но без оваријални ендометриотични цисти. Сепак, неопходни се многу повеќе истражувања за да се открие како точно оваријалната ендометриоза влијае врз целокупниот перинатален исход.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Uncontrolled Keywords: бременост, асистирани репродуктивни техники, оваријална ендометриоза
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Andrijana Sterjovska Aleksovska
Date Deposited: 14 Feb 2017 11:27
Last Modified: 14 Feb 2017 11:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17300

Actions (login required)

View Item View Item