Потреба од примарна реанимација кај доносени новородени деца

Zisovska, Elizabeta and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana and Dimitrovska Ivanova, Marija (2012) Потреба од примарна реанимација кај доносени новородени деца. In: Научно-стручен собир на Факултет за медицински науки, 21 Dec 2012, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Potreba od primarna reanimacija kaj donoseni novorodeni deca-1 naucen sobir FMN 2012 pdf.pdf]
Preview
Text
Potreba od primarna reanimacija kaj donoseni novorodeni deca-1 naucen sobir FMN 2012 pdf.pdf

Download (41kB) | Preview
[thumbnail of Abstracts FMN UGD 2012 extr.pdf]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012 extr.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of PP Primarna reanimacija.pdf]
Preview
Text
PP Primarna reanimacija.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Реанимацијата кај новороденото дете е животоспасувачка процедура која резултира со воспоставување на витални функции непосредно после раѓањето, но со ризик од долгорочни последици по нивното понатамошно здравје и психомоторен развој. Оттука произлегува и важноста од навремената и правилно изведена примарна реанимација после раѓањето. Се смета дека околу 10% од новородените деца имаат потреба од некоја мерка од примарната реанимација, додека околу 1% бараат опсежна форма на реанимациони мерки. Постапките не смеат да бидат хаотични, туку секогаш да бидат според глобално прифатениот концептан на докази и алгоритам на чекори, со проверка на виталните параметри на точно одредени интервали. Како светски прифатено Клиничко упатство за спроведување на примарната реанимација се смета тоа што е развиено и публикувано од Меѓународниот комитет за реанимација. Со оглед на фактот дека ова упатство е задолжително за сите породилишта во Република Македонија, целта на нашето истражување беше да се одреди процентот на доносени деца кои имале потреба од примарна реанимација од полесен степен (првите 2 чекори во алгоритмот), умерен степен (вклучен трет чекор ) и опсежни реанимациони мерки со интубација. Студијата беше проспективна обсервациона. Беа вклучени сукцесивно породени доносени деца во тек на тримесечен период (септември-ноември 2012 година). Податоците беа обработувани од неонаталната историја која е задолжителна за секое новородено дете. Резултати: во тек на испитуваниот период беа породени 1418 доносени новородени деца. Од нив 170 деца имаа потреба од примарна реанимација, што вкупно изнесува 11,9%. Лесни реанимациони мерки се спроведени кај 154 (10,8%), срцева масажа е вклучена кај уште 11 (0,8%), додека ендотрахеална интубација кај уште 5 деца (0,3%). Дискусија и заклучок: нешто повисокиот процент на деца кои бараа примарна реанимација се објаснува со нивото на здравствена заштита што го пружа Клиниката, каде се транспортираат „transport in utero“ бремени жени со висок ризик. Во секое породилиште, а особено во едукативна установа, мора континуирано да се одвива процес на едукација за совладување на реанимационите вештини, бидејќи во околу 50% од случаите не може да се предвиди потребата од примарна реанимација. Имајќи во предвид дека голем број на раѓања има во останатите породилишта, неопходно е спроведување на континуирана медицинска едукација на целиот персонал кој работи со родилките и новородените деца, како би се одржаlо потребното ниво на вештини, неопходни не само за преживување на новородените деца, туку и за минимизирање на ризикот од неповолен психомоторен развој.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Uncontrolled Keywords: доносено новородено дете, реанимација
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Andrijana Sterjovska Aleksovska
Date Deposited: 10 Feb 2017 10:25
Last Modified: 10 Feb 2017 10:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17299

Actions (login required)

View Item View Item