Фармацевтска ботаника

Cvetanovska, Lenka and Maksimova, Viktorija and Klincarska-Jovanovska, Ivana and Cevtanovska, Ana (2015) Фармацевтска ботаника. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. ISBN 978-608-244-265-5

Full text not available from this repository.

Abstract

Фармацевтските науки се занимаваат со проучување на лековите кои можат да бидат од различно потекло: растително, животинско, минерално или синтетско. Основната причина за изучување на фармацевтската ботаника е првиот од овие видови лекови, односно, лековите од растително потекло. Изучувањето на морофлогијата и хистологијата на растителните органи може да ни помогне во правилна и точна идентификација на растителните суровини од кои се добиваат лековитите супстанции, односно, од кои се изработуваат лековите. Проучувањeто на ергастичните материи во клетката преку цитологијата ни дава за можност да ги запознаеме хемиските компоненти, поради кои самите растенија сe од интерес во фармацијата. Некои претставници од групата на габите (Penicillium, Ergot), денес се користат во добивање на антибиотици и на алкалоиди. Патолошките производи на растенијата, како што се гумите и смолите, како и екскреторните производи од растенијата (танини, етерични масла), се високо вреднувани дроги во фармакогнозијата.
Ова ни укажува дека целокупното проучување на растенијата, а особено проучувањето од аспект на фармацевтската ботаника, ќе ни биде од голема полза во натамошното разбирање на фармакогностичките дроги и на нивните фармаколошки активни супстанции кои се широко употребувани во фитотерапијата и алтернативната медицина. Поради ова овде се опфатени карактеристиките на растенијата, со посебен акцент на растителните видови кои имаат значење во фармацијата.

Item Type: Book
Subjects: Natural sciences > Biological sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 20 Feb 2017 13:03
Last Modified: 20 Feb 2017 13:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17228

Actions (login required)

View Item View Item