Создавање на Армија на Европската унија: Теориска анализа низ призмата на концептот на нормативната моќ на Европската унија

Nikodinovska Krstevska, Ana (2016) Создавање на Армија на Европската унија: Теориска анализа низ призмата на концептот на нормативната моќ на Европската унија. Годишен зборник на Правен факултет 2016, 6. pp. 83-89. ISSN 1857-7229

[thumbnail of sodrzina na godisen zbornik 2016.pdf]
Preview
Text
sodrzina na godisen zbornik 2016.pdf

Download (336kB) | Preview
[thumbnail of sozdavanje armija na evropskata unija i normativnata mok na EU.pdf]
Preview
Text
sozdavanje armija na evropskata unija i normativnata mok na EU.pdf

Download (503kB) | Preview
[thumbnail of za izdavacot 2016.pdf]
Preview
Text
za izdavacot 2016.pdf

Download (240kB) | Preview

Abstract

Актуелните теориски пристапи за природата на Европската унија како меѓународен актер со нормативна моќ, меѓу кои и концептот на „нормативна моќ на Европската унија“ од Ијан Манерс, дефиниран како ‘способност на Европската унија да ги менува концепциите на она што се смета за нормално во меѓународните односи’, беа доведени во прашање со настанувањето на украинската криза и со настаните што следеа потоа.
Една потврда за тоа беше и некохерентната надворешна политика на Европската унија кон Украина и кон украинската криза, која ја потенцираше двојноаршинската политика на Унијата во однос на европските аспирации за членство на Украина, а се должеше на нејзината зависност од рускиот гас. Ваквата надворешна политика, гледана низ теориската призма на погореспоменатиот концепт на нормативна моќ на Унијата, ги разниша токму неговите нормативни цели и инструментите на надворешната политика на Европската унија.
Уште една потврда за тоа, што би можела да ги ослабне темелите на самиот концепт, е и скорешниот апел на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, како реакција на растечката закана од Руската федерација, каде ги повика земјите членки на Европската унија да се сложат со идејата за воспоставување Армија на Европската унија, во функција на одбрана на вредностите на Унијата, но и во функција на зацврстување на нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика, како и на нејзиниот меѓународен кредибилитет.
Истражувачкото прашање што го поставуваме во овој труд е: во која мера воспоставувањето на планираната Европска армија може да влијае врз концептот на нормативна моќ на Европската унија, и дали тоа би влегло во конфликт со концептот или пак би можело да се вклопи во неговите постулати?
Одговорот од истражувањето се состои во два става: 1. Евентуалното воспоставување нa планираната Армија на Европската унија може да придонесе за зацврстување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, без притоа да се коси со концептот на нормативна моќ на Европската унија, и 2. Планираната Армија на Европската унија може да го дoведе во прашање нормативниот карактер на делување на Европската унија, од

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Nikodinovska Krstevska
Date Deposited: 08 Feb 2017 14:45
Last Modified: 08 Feb 2017 14:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17120

Actions (login required)

View Item View Item