Истражувачки извештај – Влијание на стереотипите и етничката дистанца за појава на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза

Stojanovski, Strasko and Poposka, Zaneta (2016) Истражувачки извештај – Влијание на стереотипите и етничката дистанца за појава на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза. [Project]

[thumbnail of 295636.pdf]
Preview
Text
295636.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во оваа Публикација се претставени резултати од истражувањето спроведено во рамките на Проектот „Влијание на стереотипите и етничката дистанца за појава на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза“. Истражувањето е реализирано како дел од заедничките активности на правните факултети при универзитетите „Гоце Делчев“ од Штип, „Јустинијан Први“ од Скопје, како и Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а поддржано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Анкетното истражување беше спроведено во текот на 2015 година, на претходно подготвена методолошка рамка во што учествуваат дел од студентите и професорскиот кадар при Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Истражувањето го спроведоа тимови од професори и студенти на трите споменати правни факултети. Обработката на податоците и анализата на истите во текот на 2015 и 2016 година, беше извршена во рамките на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. При спроведеното истражување се опфатени неколку целини кои се однесуваат на различни општествени фактори (пол, возраст, етничка и религиска припадност, социјален статус, образование и слично) врз перцепциите на испитаниците и градењето на етничка интеракција, коегзистенција или, пак, спротивно на ова, етничка дистанца. Понатаму, се опфатени различни аспекти на анализа на постојните стереотипи и нивното влијание за воспоставување на етничка дистанца, а во овој сегмент, исто така, се користени Богардусовата и Ликертовата скала. Во последниот дел на трудот се презентирани резултати поврзани со прашањата за дискриминација, говорот на омраза и криминалот од омраза, кои се засноваа на Методологијата за изработка на Барометарот на еднакви можности адаптиран во согласност со потребите на целната група на испитаници.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 31 Jan 2017 10:35
Last Modified: 31 Jan 2017 10:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17092

Actions (login required)

View Item View Item