Нечесни договорни клаузули и нечесна деловна практика во авионскиот превоз

Tusevska, Borka (2016) Нечесни договорни клаузули и нечесна деловна практика во авионскиот превоз. Општествените промени во глобалниот свет. pp. 397-415. ISSN 978-608-244-353-9

[thumbnail of Нечесните договорни клаузули во авионскиот превоз .pdf]
Preview
Text
Нечесните договорни клаузули во авионскиот превоз .pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Улогата и значењето на авионската индустрија за секоја
национална економија и воопшто за глобалната (светска)
економија, достигна големи размери во денешницата. Во
модерните услови на промет на стоки и услуги, значењето на
авионската индустрија директно се одрази на правниот режим на
превозот, и тоа како на национално, така и на меѓународно ниво.
Посебен и исклучително битен сегмент во авионската
индустрија претставува превозот на патници. Покрај економската
важност на овој вид превоз, од правен аспект исклучително битна
е рамката што треба да обезбеди соодветен правен основ за заштита
на правата на договорните страни. Како потврда за важноста на
правните аспекти на ова проблематика, се јавуваат бројните судски
спорови од Б2Ц договори склучени помеѓу авионските компании и
патниците како потрошувачи на услугите.
Токму важноста на правниот режим на авионскиот превоз на
патници, го определи и фокусот во овој труд и тоа: општите услови
за превоз на патници во авионскиот сообраќај, нивната
полноважност во смисла на „чесност или нечесност на
договорните калузули“, и „чесноста или нечесноста на деловната
практика“ на авионските компании во договорните односи со
патниците како потрошувачи на услуги.
Заштита на правата на потрошувачите во авионскиот превоз
ќе биде предмет на анализа од аспект на Закон за облигационите и
стварноправните односи во воздушниот сообраќај, Регулативата
(ЕЗ) 261/2004 од 11 февруари 2004 година, Анексот I од
Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка
воздухопловна област од 9 јуни 2006 година, општите и посебните услови на авионските компании спрема патниците, и конечно, потрошувачката (деловна) политика на компаниите во авионската индустрија.

Клучни зборови: потрошувачи, осигурување, нечесни клаузули,
одговорност, превоз.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 30 Jan 2017 08:29
Last Modified: 30 Jan 2017 08:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17072

Actions (login required)

View Item View Item