Карактеризација и евалуација на микроигли за трансдермална апликација на лекови

Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Miteva, Ana (2016) Карактеризација и евалуација на микроигли за трансдермална апликација на лекови. Фармацевтски информатор (44). pp. 31-33. ISSN 1409-8784

[thumbnail of Mikroigli.Информатор 2016.pdf]
Preview
Text
Mikroigli.Информатор 2016.pdf

Download (335kB) | Preview

Abstract

Употребата на микроигли за првпат е опишана во патент од 1976 година од страна на Alza Corporation, но такви микроуреди не било возможно да се изработат се до деведесеттите години од минатиот век кога се развива микроелектрониката и со тоа се овозможува дизајнирање на микронски или субмикронски структури. Првиот научен труд кој ја прикажува употребата на микроигли за трансдермална апликација е објавен во 1998 година. Микроиглите претставуваат цврсти или шупливи цевчиња чија што должина изнесува од 50 – 900 μm, а надворешниот дијаметар главно е помал од 300 μm. Микроиглите се минимално инвазивни уреди кои го пробиваат најнадворешниот слој на кожата, stratum corneum, формирајќи водени канали преку кои лековите можат да дифундираат до кожната микроциркулација. Микроиглите претставуваат комбинација на трансдермалните пачеви и хиподермалната (поткожна) инјекција. Основни карактеристики на микроиглите се тоа што од една страна пенетрираат доволно длабоко низ кожата овозможувајќи пристап до кожната микроциркулација, но од друга страна се доволно кратки за да се спречи стимулација на нервите во кожата и можно крвавење. Микроиглите можат да се изработат од материјали со различни карактеристики како што се метали, силикон, јаглехидрати и полимери. Во суштина, овие уреди многу повеќе наликуваат на поткожните инјекции отколку на трансдермалните фластери. Микроиглите кои се користат за трансдермална апликација на лекови може да се класифицираат во две категории: цврсти и шупливи микроигли. Во категоријата цврсти микроигли се разликуваат необложени, обложени и растворливи микроигли.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 25 Jan 2017 11:24
Last Modified: 25 Jan 2017 11:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16964

Actions (login required)

View Item View Item