Осмотски пумпи- системи за контролирано ослободување на лекови

Angelovska, Bistra and Drakalska, Elena and Netkova, Ivana (2016) Осмотски пумпи- системи за контролирано ослободување на лекови. Фармацевтски информатор (43). pp. 43-46. ISSN 1409-8784

[thumbnail of за информатор 1.pdf]
Preview
Text
за информатор 1.pdf

Download (387kB) | Preview

Abstract

Унапредувањето на постоечката фармакотерапија се одвива кон развој на лекови кога е потребно селективно да делуваат со цел да се редуцира фреквенцијата на дозирање или да се зголеми ефективноста на дрогата со локализација на местото на делување што води до намалување на потребната доза или обезбедување на униформна испорака на лекот. Исто така, употребата на современите фармацевтски дозирани форми е оправдана од аспект на минимизирање и елиминација на несаканите ефекти и зголемување на безбедносната граница со примена на високопотентни активни супстанци.
Генерално, конвенционалните дозирани форми се карактеризираат со низа недостатоци:
• слаба комплијанса од пациентите, зголемена можност за пропуштање на дозата на лековити супстанци со краток полуживот за кои е неопходна честа администрација.
• варијациите во концентрацијата на лековитата супстанца водат до предозирање или субдозирање и отежнато постигнување на рамнотежната состојба
Најперспективен начин за надминување на недостатоците карактеристични за конвенционалната фармакотерапија е инкорпорирањето на активните супстанци во соодветни носачи што обезбедува контролирано ослободување и висока биорасположивост. Истражувањата покажуваат дека потребата од дозирање повеќе од еднаш или два пати дневно значително ја намалува комплијансата на пациентот. Од различните системи за испорака на лекови достапни на пазарот системите со контролирано продолжено ослободување за орална употреба имаат најголем потенцијал поради нивните очигледни предности- лесната администрација и зголемената комплијанса од страна на пациентите. Овие системи обезбедуваат значителен бенефит над формулациите со моментално ослободување овозможувајќи поголема ефективност на третманот на хроничните заболувања, намалени несакани ефекти и поголем степен на комфор кај пациентите во однос на поедноставеното дозирање. Системите за контролирано ослободување даваат предвидливост и репродуцибилност во кинетиката на ослободувањето на лекот.
Перспективни претставници за обезбедување на контролирано ослободување се осмотските пумпи кои работат на принцип на осмоза и генерално го користат протокот на растворувачот за активација.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 23 Dec 2016 11:07
Last Modified: 23 Dec 2016 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16897

Actions (login required)

View Item View Item