Angelovska, Bistra (2016) Хронични заболувања на долните дишни патишта – како да се намали појавата и да се подобри состојбата на болните. Ваш аптекар (12). pp. 14-16. ISSN 1857-97
Preview |
Text
dolni disni patista.pdf Download (183kB) | Preview |
Preview |
Text
12_MK.pdf - Published Version Download (7MB) | Preview |
Abstract
Хроничните заболувања на долните дишни патишта се болести на дишните патишта и на другите структури на белите дробови вклучувајќи астма и респираторни алергии, хронична опструктивна белодробна болест, професионални заболувања на белите дробови и други.
Појавата на овие болести се зголемува насекаде во светот, особено кај децата и старите и изнемоштени лица.
Во последно време, се повеќе се зголемува бројот на луѓето со хронични болести на дишните патишта предизвикани од алергиски реакции. Процентот е застрашувачки и тежнее кон натамошно зголемување т.е кај еден човек од тројца се појавуваат различни типови заболувања, предизвикани од алергиска реакција или тесно поврзани со истата. Главни фактори кои придонесуваат за оваа појава се преработените и рафинираните прехранбени производи, хемикалиите кои секојдневно се користат во домовите, димот од цигарите, прераното вклучување на одредени храни кај бебињата итн. Најчестите заболувања, чиишто предизвикувачи се алергиските реакции се: бронхијална астма, алергиската настинка и исип на кожата, т.е уртикарија.
Астмата е хронично заболување, кое се карактеризира со зголемена чувствителност на бронхиите кон т.н алергени кои предизвикуваат намалување на спроводливоста на кислород низ нив, запушување на дишните патишта, што придонесува до потешкотии во дишењето. Со примена на соодветни лекови, овие симптоми исчезнуваат.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bistra Angelovska |
Date Deposited: | 23 Dec 2016 11:13 |
Last Modified: | 23 Dec 2016 11:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16894 |
Actions (login required)
View Item |