Mirascieva, Snezana and Koceva, Daniela and Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kitanova, Irena (2016) Поврзаноста меѓу образованието, практиката и воспитно-образовните цели во општествен контекст. Зборник на трудови, Прва меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - филологија, култура и образование. ISSN ISBN 978-608-244-308-9
Preview |
Text
1.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
Mirascieva.pdf Download (394kB) | Preview |
Abstract
Времето на брзи и големи промени во кое живееме е сигнификантно по експанзивниот развој на бројни научни дисциплини кои се одраз на теориско-методолошката парадгима во системскиот пристап.
Системскиот пристап пак од своја страна е база за развој на свеста за тоа дека квалитетот на животот, воспитанието и образованието е определен од цела низа на интеракциски односи во воспитно-образовните институции.
Целокупниот контекст на институциите чија основна дејност е воспитанието и образованието на младата личност меѓу другото го почитува и принципот на квалитетна практика. Во таа смисла се и низата на активности заради зголемување на квалитетот на праксата во институциите
и другите релевантни установи, кои пак се последователни и инклузирани содржини во целите на дејноста. Во трудот се покренува прашањето за поврзаноста на образованието, практиката и целите со посебен акцент на функционалната поврзаност. Прашањето во суштина е прашање за квалитетно образование кое ги опфаќа знаењата, вештините, ставовите, или со еден збор способностите и оспособувањето на личноста за квалитет во работата и животот воопшто. Тоа се разбира ја нагласува поврзаноста на теоријата и практиката и прифаќањето на истата како основно начело
заради што поквалитетно дејствување. Во трудот исто така се прави теориска анализа на односот меѓу теоријата и практиката од која произлегуваат конкретни предлози за натамошно концепирање на воспитно-образовниот процес во насока на зголемен квалитет.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Daniela Koceva |
Date Deposited: | 09 Dec 2016 13:35 |
Last Modified: | 09 Dec 2016 13:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16797 |
Actions (login required)
View Item |