Роботика и автоматизација

Gelev, Saso (2015) Роботика и автоматизација. Goce Delcev University, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-244-244-0

Full text not available from this repository.

Abstract

Во денешно време светот се соочува со забрзан развој на науката и техниката и се наоѓа во една од фазите кои често се нарекуваат фази на револуционерни промени.
Развојот на науката и новите технологии, според мислењето на многумина, наговестуваат поквалитетни промени во областа на производството и општеството воопшто.
Брзиот развој на компјутерските и комуникациските системи овозможил значително зголемување на протокот на информации, а високата автоматизација во индустријата сè повеќе го става човекот во положба само на набљудување на производството
Се зборува за нова технолошка револуција и премин на развиените земји во нова ера на постиндустриски општества. Еден од битните фактори на новата револуција е флексибилната автоматизација каде како нераздвоив дел претставуваат роботските системи.
На роботите денеска гледаме како на уреди кои овозможуваат понатамошна и пофлексибилна автоматизација. Тие го заменуваат човекот првенствено на опасни, монотони и тешки работи. На човекот му остануваат работите кои бараат повеќе интелигенција, знаење и креативност. На тој начин роботите придонесуваат за зголемување на продуктивноста а во исто време и за хуманизација на работата.
Овој учебник е наменет пред сè за студентите од електротехничката струка на прв циклус студии од сите насоки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како еден од основните учебници по предметот Роботика и автоматизација, во VII семестар од нивните тригодишни или четиригодишни студии.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 05 Dec 2016 09:36
Last Modified: 05 Dec 2016 09:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16758

Actions (login required)

View Item View Item